Хјуман Рајтс Воч го обвинува Иран за тортура

Логото на Хјуман Рајтс Воч

Хјуман Рајтс Воч соопшти денеска дека кризата со почитувањето на човековите права во Иран се продлабочила во 2010 година, бидејќи власта вршела притисок и тортура врз неистомислениците. Според извештајот на организацијата за минатата година иранската контровезна нуклеарна програма ја ставила во сенка состојбата со човековите права во земјата.
Во соопштението се наведува дека во Иран безбедносните сили вршеле тортура за да добијат признание од одомничените, кои судовите ги осудувале на доживотен затвор или смрттна казна, а властите ги заплашувале адвокатите за човекови права за да не ги бранат ефективно политичките затвореници.