Туниската полиција апси телевизиски газди

Протести во Тунис

Туниската полиција презема остри мерки против главните сојузници на соборениот претседател Зин Ел Абидин Бен Али. Двајца поранешни високи функционери се во домашен притвор, а уапсен е и шефот на една позната приватна телевизија поради тоа што „се обидувале да ја забават демократизацијата на земјата“.