Временска прогноза - Променливо облачно со снег

Снежен ден во Скопје на 16 декември 2010

Времето ќе биде променливо облачно со повремен снег. Попладнево и во вечерните часови се очекуваат поголеми врнежи од снег. Ќе дува умерен, а во текот на ноќта засилен северен ветер.
Утринската температура се движи од минус 5 до нула, а дневната од минус 2 до 4 степени.
Во Скопје и околината, слично време со температура до 1 степен.