Домашен притвор за двајца соработници на Бен Али

Протестите во Тунис против режимот на Бен Али

Двајца блиски соработници на соборениот туниски претседател Зине Ал Абидине Бен Али, денеска се уапсени и ставени во куќен притвор. Поранешниот министер за внатрешни работи Абделах Калел и советникот и креаторот на политиката на претседателот Абдел Азиз Бен Диа се уапсените, а полицијата трга и по Абдел Вахаб Абдалах кој ја извршуваше функцијата министер за контрола на информациите.