Експлозија на бомба на пазар во Ингушетија - нема повредени

Бомба експлодирала денеска на еден пазар во Ингушетија. Според властите од регионот, уште две бомби биле пронајдени на пазарот. При експлозијата била уништена сдна тезга и притоа никој не бил повреден. Пазарот сепак бил еваукиран за да се детонираат другите две бомби.
Руските безбедносни сили и владата се обидуваат да го намалат насилството во Ингушетија и други региони во Северен Кавказ како Чеченија.