Туниските фармери им се придружија на демонстрантите

Протестите во Тунис

Илјадници фармери од сиромашниот регион на Тунис пристигнаа во главниот град да им се придружат на демонстрантите. Караванот за слобода тргна на пат вчера од градот Мензел Боузаиане, од каде потекнува првото лице кое загина за време на протестите против режимот на соборениот претседател Зине Ал Абидине Бен Али.
Фармерите марширале низ Тунис извикувајќи „Луѓето дојдоа за да ја урнат владата“.