Убиени 10 осомничени за шверц со дрога во Мексико

Апсењето на еден од најголемите нарко дилери Едгар Валдез во Мексико

Мексиканската војска соопшти дека во близина на границата со САД биле убиени 10 осомничени за нелегална трговија со дрога. Според информациите ниту еден војник не бил повреден при престрелката. Војниците во кампот на осомничените заплениле 24 автоматски пушки, 2 ракетни фрлачи и околу 20 гранати.
Во регионот често има судири меѓу бандите за контрола на патот за шверц на дрога, која завршува на нелегален пазар во САД.