Обама ќе бара единство меѓу политичките партии

Американскиот претседател Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека на неговото годишно обраќање на нацијата во наредната недела ќе ги повика ривалските партии на реубликанците и на демократите да работат заедно за зајакнување на економскиот раст и создавање на нови работни места.
Обама се соочува со притисок поради бројката на невработеност во земјата која изнесува девет проценти.
Во план е Обама говорот да го одржи во вторник пред седницата на Конгресот.