Топи бара стабилизирање на состојбата во земјата по протестите

Албанскиот Претседател Бамир Топи

Албанскиот Претседател Бамир Топи изјави дека е потребно итно стабилизирање на тешката состојба во земјата по петочните антивладини демонстрации. Топи по средбите со евроамбасадорот Еторе Секуи, британската амбасадорка Фиона Мекилуам и амриканскиот амбасадор Александер Арвизу побара да се врати јавниот ред и мир во земјата и да се воспостави политички и иниституционален дијалог.
Според Топи и неговите соговорници состојбата во земјата е штетна за евроинтеграцијата и имиџот на Албанија.