Протести во Украина за подршка на Тимошенко

Јулија Тимошенко

Илјадници луѓе протестираа во Киев за да и дадат подршка на поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко, која се обидува да ја обедини опозицијата во борба против Претеседателот Виктор Јанукович. Многу од нив носеле пароли на кои го повикуваат Јанукович и премиерот Микола Азаро да дадат оставка.
Протестот поминал мирно и без инциденти. Јанукович кој дојде на власт во минатата година се смета дека има блиски односи со Москва и дека ги гони неговите политички опоненти.