Забрана на градоначалникот на Техеран да патува во САД

Градоначалникот на Техеран Мухамед Бакер Калибаф

Иранските власти наводно му забраниле на градоначалникот на Техеран да патува за САД на церемонија во чест на остварениот напредок на јавниот транспорт во неговиот град.
Мухамед Бакер Калибаф беше поканет во Вашингтон од невладина организација да присуствува на церемонијата на 24 јануари, каде Техеран со уште 4 градови ќе ја добие наградата за Одржлив транспорт во 2011 година.