Еден загинат во експлозија на рудник во Грузија

Грузиските власти соопштија дека еден рудар загинал, а четворица се тешко повредени во експлозија на рудник на јаглен во градот Ткибули во западниот дел на земјата. Причината за експлозијата најверојатно бил метанот.
Градот Ткибули кој се наоѓа на одалеченост од 230 километри од Тбилиси се смета за центар на рудниците на јаглен во земјата.