Утре повторување на парламентарните избори во Косовска Митровица

Во Косовска Митровица утре ќе се повтори гласањето за парламентарните избори во земјата. Од Централната изборна комисија соопштија дека сите подготовки се завршени за успешно одржување на изборите. Гласањето ќе биде во 32 центри со вкупно 126 изборни места. На избирачкиот список се запишани 86.834 гласачи. Изборите ќе бидат проследени од 1858 домашни и странски набљудувачи.