Во Авганистан убиени 10 милитанти

Во денешните неколку часовни борби меѓу НАТО силите и милитанти во источно авганистанската провинција Кост биле убиени 10 милитанти и еден цивил. Агенциите јавуваат дека до борбите дошло откако бунтовниците истрелале гранати врз група војници кои се подготвувале на вообичаена контрола. Се додава дека војниците успеале да уапсат десетина милитанти.