Тунискиот премиер најави оставка

Тунискиот премиер Мохамед Ганучи

Тунискиот премиер Мохамед Ганучи вети дека ќа ја напушти политиката откако во земјата ќе се одржат избори во наредниве шест месеци. Тој исто така најави дека ќе ги укине сите, како што изјави, недемократски закони од 23 годишното владеење на отстранетиот претседател Бен Али. Премиерот Ганучи кој му беше сојузник на Бен Али изјави дека и тој, како и сите граѓани на Тунис, се плашел за времето на поранешниот претседател кој на 14 овој месец, по протестите, беше принуден да ја напушти земјата и да замине во Саудиска Арабија.