Груевски - опозицијата ни ги дискредитира сите реформи

Претседателот на Владата Никола Груевски денеска изјави оти има впечаток дека сите реформи објавени во последната година се дискредитирани од страна на опозицијата предводена од СДСМ и оти има обиди за нивно спречување.
„Една од последните мерки што ги преземавме за легализација на дивоградбите, иако се работи за една одлична мерка која долго време се осмислуваше, по секоја цена се трудат да ја девалвираат. Ист беше случајот и при носењето на судските закони, а тоа се однесува и на некои закони поврзани со јавната администрација, со економскиот сектор“..., ијави Груевски по лидерската средба во Јасен.