Три лица загинаа на демонстрациите во Тирана.

Три лица загинаа попладнево во судирите меѓу албанската полиција и група приврзаници на опозицијата во Тирана, јави МИА. Албанскиот претседател Бамир Топи попладнево упати апел до сите политички фактори да ги смират демострантите за да се врати јавниот ред и мир во Тирана. Како што јави МИА, Топи побара од политичките партии веднаш да му се вратат на дијалогот.
„Албанија има пореба да ги залечи раните, а не да отвора нови рани“, се наведува во изјавата на Топи.
Во меѓу време, пред Владата во Тирана и натаму има насобрани демонстранти кои фрлаат и молотови коктели.
Полицијата беше принудена да испука предупредувачки истрели за да ги растера демострантите кои се уште настојуваат да влезат во зградата на Владата.