Нов мандат за белорускиот претседател Лукашенко

Алексaндар Лукашенко денеска беше инаугуриран за уште еден пет годишен мандат како претседаел на Белорусија. Европската унија и Соединетите држави кои ги осудија декемвриските избори на кои Лукашенко го доби четвртиот мандат на таа функција ја бојкотираа церемонијата. По изборите во Белорусија беа уапсени стотици луѓе, меѓу кои и опозициските претседателски кандидати.