Северна Кореја предлага разговори со Јужна Кореја

Северна Кореја предложи кон крајот на јануари да се одржат преговори со Јужна Кореја за да се надминат тензиите на поделениот полуостров. Државната северно-корејска новинска агенција јави дека официјално било предложено, преставници на двете Кореи да одржат средба на високо ниво на почетокот на февруари. Предлогот од Севрна Кореја , доаѓа откако претседателите на САД и на Кина повикаа двете Кореи да го обноват нивниот дијалог. Обама и Џинтао исто така ја повикаа Северна Кореја да им се врати на преговорите за ставање крај на нуклеарната програма на Северна Кореја.