Лавров-Во Истамбул да се разговара за санкциите врз Иран

Сергеј Лавров

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави денеска дека на престојната средба на шесте светски сили и Иран треба да стане збор за укинувањето на меѓународните санкции на Техеран за неговата контровезна нуклеарна програма. Според Лавров нуклеарната програма треба да биде главна тема, но и санкциите треба да бидат на агендата.
Иранските власти ќе се сретнат со Британија, Кина, Франција Русија, како и САД и Германија во петок и сабота во Истамбул.