Утре средба на Иванов со политичките лидери

Претседателот Ѓорѓе Иванов

Надворешно-политичките приоритети, со акцент на евроатланската интеграција на Македонија, како и спорот со името ќе бидат главните теми на разговор утре во Јасен меѓу Претседателот Ѓорѓе Иванов и лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груески, на СДСМ Бранко Црвенковски, на ДУИ Али Ахмети и на Нова демократија Имер Селмани.
Тие ќе расправаат и за Извештајот на Европската комисија за Македонија, за одбележувањето на назависноста и потпишувањето на Рамковниот договор, како и за претстојниот попис.
На средбата нема да присуствува лидерот на ДПА Мендух Тачи, која ја одби поканата на Претседателот.