Ставревски-владата води здрава макроекономска политика

Зоран Ставревски

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески изјави денеска дека кредитот од ММФ во износ од 475,6 милиони евра за Македонија претставува силен сигнал и признание на квалитетот на јавните финансии и вкупните економски политики.
Според Ставревски Македонија од ММФ е оценета дека води здрава макроекономска политика, која владата ќе ја продолжи и во иднина. Вицепремиерот смета дека кредитот ќе помогне во заздравување на македонската економија и спречување на евентуално влијание на екстерните ризици.