Инаугурацијата на новиот авганистански Парламент викендов

Авганистанскиот Претседател Хамид Карзаи

Авганистанските законодавци соопштија денеска дека инаугурацијата на новиот Парламент ќе се одржи викендов и покрај барањето на Претседателот Хамид Карзаи тaa да биде одложенa до наредниот месец. Според кабинетот на Карзаи одложување е неопходно за да му се обезбеди време на Специјалниот трибунал во истрагата на наводните обвинувања за нерегуларности на изборите.