ЕП бара одржување на нови избори во Белорусија

Белорускиот претседател Александар Лукашенко

Европскиот Парламент денеска го осуди растурањето на протестите во Белорусија по спорните претседателски избори во минатиот месец и побара повторување на изборите на фер и демократски начин. Во резолуцијата усвоена денеска во Стразбур законодавците побараа и повторно воведување на забраната за патување на белоруските владини лица, заедно со економски санкции, како што е замрзнувањето на заеми од Меѓународните монетарни фондови.