Сите туниски министри со оставки од владејачката партија

Сите министри во преодната влада на Тунис поднесоа оставки од владејачката партија на соборениот претседател Бен Али. Претходно туниската државна телевизија објави дека, поради сомневање оти направиле злосторства против Тунис, биле уапсени 33 членови на семесјтвото на Бен Али. Во меѓувреме, привремената влада соопшти дека ги ослободила сите политички затвореници, ветувајќи целосно раскинување со минатото. Бен Али во минатата недела побегна во Саудиска Арабија по нередите и протестите поради сиромаштијата, корупцијата и репресијата во земјата.