САД и ЕУ заеднички против Лукашенко

Писмото на американските сенатори до Кетрин Ештон

Повеќемина американски сенатори побараа силен заеднички одговор на Соединетите држави и Европската унија за спречувањето на протестите во Белорусија против реизборот на претседателот Александар Лукашенко. Сенаторите меѓу кои и Џозеф Либерман, Џон Мекејн и Ричард Лугер испратија писмо со ваква содржина до шефот на дипломатијата на Европската унија Кетрин Ештон. Во писмото се предлага обнова на некои санкции против режимот на Лукашенко.