Ахмадинеџад со подршка до Тунис

Иранскиот Претседател Махмуд Ахмадинеџад

Иранскиот Претседател Махмуд Ахмадинеџад изјави денеска дека тунижаните се на пат да воведат исламски режим во нивната земја, по соборувањето на диктаторот кој бeше подржан од Западот. Вчера 228 законодавци од 290 членови на иранскиот Парламент ја изразија својата подршка на тунижаните за „револуционерното движење“.
Настаните во Тунис под називот Јасмин Револуција ги испирираа десидентите низ арапскиот свет и предизвикаа протести во Алжир, Египет и Јордан.