Анти владините штрајкови во Грција продолжуваат

Протест на работниците во јавниот транспорт во Атина

Вработените во градскиот транспорт, лекарите, адвокатите и фармацевтите во Грција денеска почнуваат тридневни штрајкови во знак на протест против два предлог закони на Владата за преструктуирање и рестрикции.
Вработените во јавниот транспорт штрајкуваат веќе неколку недели, откако нивниот дијалог со Министерството за инфраструктура околу промените во работните односи се уште трае и неговиот исход е неизвесен.