Американско - кинески самит во Вашингтон

Американскиот трговски дефицит кон Кина и потценетата вредност на кинескиот јуан се топ теми на денешниот американско кинески самит во Вашингтон. Претседателите Ху Џинтао и Барак Обама ќе разговараат и за енергетиката и борбата против тероризмот.
Пред патувањето за САД , Џинтао изјави дека двете земји треба да се откажат од менталитетот од студената војна.