Силен земјотрес во Пакистан

Силен земјотрес со јачина од 7,4 степени по Рихтеровата скала синоќа го погоди југозападниот дел на Пакистан соопшти Американскиот институт за геофизика. Земјотресот го почуствувале и жителите на Индија, Дубаи, Обединетите Арапски Емирати и во пограничниот регион меѓу Пакистан и Авганистан. Се уште нема податоци за причинета материјална штета или евентуални жртви. Пред 5 години при земјотресот со јачина од 7,6 степени по Рихтер воПакистан загинаа 80 илјди луѓе а над 3 милиони остаан без покрив над глава.