Отворена истрага против поранешниот диктатор Дувалие

Поранешниот диктатор на Хаити Дувалие

Поранешниот диктатор на Хаити Жан-Клод Дувалие е изнесен пред суд откако истражниот судија и официјално започна истрага против диктаторот.
Претходно Амнести интернејшнл и Хјуман рајтс воч ги повикаа властите во Хаити да го уапсат Дувалие, кој е познат како „Бејби Док“. Портпаролот на Високиот Комесаријат на ОН за човекови права Руберт Колвил изјави дека со враќањето на Дувалие во Хаити се зголемени шансите тој да биде обвинет за злосторствата кои ги направил за време на 15 годишното владеење со земјата. Но сепак предупредил дека „слабиот правен систем“ во Хаити можеби нема да може да покрене таков процес. Портпаролот на Белата Куќа Роберт Кроули изјави дека враќањео на Дувалие му донесе само „товар “ на Хаити. Бејби Док во неделата изненадно се врати во Наити , после 25 годишен егзил во Франција, за како што вели тој, да му помогне на народот во Хаити.