Агент на ЦИА обвинет за руска шпионажа

Поранешен службеник со висок чин во ЦИА, Харолд „Џим“ Николсон , кој веќе е во затвор, дополнително е осуден на уште 8 години затвор под обвинение дека е руски шпион. Во обвинението е наведено дека Николсон од затвор им испраќал информации на руските разузнавачки служби. Обвинителите смеат дека тој го користел својот син за таа цел, односно 26 годишниот Натаниел ги пренесувал пораките од својот татко до руските служби во периодот меѓу 2006-тата и 2008-тата година. Претходно 59 годишниот Николсон бил осуден за дејствување како агент на странска влада и за перење пари.