Јосиповиќ и покрај заканите ќе отпатува во Германија

Борис Тадиќ и Иво Јосиповиќ

Заканувачките пораки и пакетот со бомба кој пристигна во хрватската амбасада во Берлин нема да го поколебаат хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ во извршувањето на должноста и тој нема да се откаже од посетата на Германија. Според Јосиповиќ на екстремистите не им значат демократските вредности и затоа тие не му значат ни на хрватското општество.
Во пакетот имало заканувачко писмо до Јосиповиќ и српскиот претседател Борис Тадиќ, во кое е наведено дека бомбата е одмазада за Јосип Јовиќ, кој беше убиен пред 20 години на Плитвичките езера.