Латвија го одби барањето на Лужков за постојан престој

Јури Лужков

Министерството за надворешни работи на Латвија денеска му забрани влез во земјата на поранешниот градоначалник на Москва Јури Лужков, кој претходно поднесе барање за постојан престој во Латвија. Министерката Линда Мурниенце изјави дека причината за таквата одлука е поради непријателските изјави на Лужков за Латвија во минатото и затоа сега тој е ставен во црната листа на земјата.