Двајца мажи се самозапалиле во Египет во знак на протест

Телото на самозапалениот маж пред Парламентот во Каиро

Двајца мажи денеска се самозапалиле во Египет. Едниот во близина на Парламентот во Каиро, а другиот во Александрија. Тие се жртвувале во знак на протест и по примерот на еден студен од Тунис кој се самозапали поради невработеноста во земјата, што предизвика протести и немири меѓу граѓаните и полицијата.
Тоа е вториот случај неделава на самозапалување во Египет, откако и вчера еден маж се се реши на таков чекор, поради лошите услови за живот. Слични инциденти имаше и во Алжир и Мавританија.