„Орден за заслуги за Македонија“ за Ото фон Хабсбург

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска свечено ќе го одликува Ото фон Хабсбург со ,,Орден за заслуги за Македонија’’ за исклучителен придонес во јакнењето на меѓународната положба и углед на Република Македонија и за промоција на европската иднина на земјата со личен ангажман како претседател на Паневропската Унија и член на Европскиот парламент. Во името на Ото фон Хабсбург, Орденот за заслуги за Македонија ќе го прими неговиот син Георг фон Хабсбург, Амбасадор за европски прашања во Владата на Република Унгарија.