Кинескиот претседател во посета на САД

Барак Обама и Ху Џинтао

Кинескиот претседател Ху Џинтао денеска ќе допатува во Вашингтон на најважниот американско- кинески самит од посетата на Денг Ксијаопионг на САД пред 30 години. За време на утрешната средба, двајцата претседатели Барак Обама и Ху Џинтао се очекува да разговараат за американскиот трговски дефицит со Кина, за кој Вашингтон смета дека е последица на потценетата вредност на кинескиот јуан. Пред патувањето за Америка, Џинтао изјави дека двете земји треба да се откажат од менталитетот од студената војна и оти трговијата, енергетиката и борбата против тероризмот се полиња на кои треба да се унапредува соработката.