Топи го потпиша указот за отповикување на Мета

Бамир Топи

Албанскиот претседател Бамир Топи го потпиша указот за отповикување на Илир Мета од функцијата вицепремиер и министер за економија, трговија и енргетика. Предлогот ќе биде доставен до Парламент, кој денеска ќе биде ставен на дневен ред.
Топи го потпиша указот со кој министерот за надворешни работи Едмонд Хаџинасто се предлага за потпретседател на владата, а Насип Начо за министер за економија, трговија и енергетика. Двајцата се членови на партијата на Мета, Движење за социјалистичка интеграција.