Руската православна црква бара мерки за абортусот

Рускиот претседател Дмитри Медведев и Патријархот Кирил

Руската православна црква денеска испрати апел до властите во земјата абортусите да не бидат покриени со здравственото осигурување. На сајтот на црквата е објавено и дека они кои имаат „традиционални убедувања“ да разговарат со жените во кризните центри и болниците пред тие да се одлучат на абортус.
Руската Државна агенција за статистика соопшти дека во 2009 година имало 1,76 милиони родени деца, а 1,29 милиони абортуси.