Двајца мажи се самозапалиле во Египет и Мавританија

Протестите во Тунис

Двајца мажи денеска се самозапалиле во Египет и Мавританија во знак на протест против лошите услови за живот. Според извештаите едниот инцидент се случил во близината на Парламентот во Каиро, а другиот пред претседателската палата во Мавританија.
Двајцата мажи го следеле примерот на еден туниски граѓанин кој поради невработеноста во земјата се самозапали, што предизвика низа на протести и немири во Тунис.