Пакет со бомба пронајден пред хрватската амбасада во Берлин

Иво Јосиповиќ

Пред хрватската амбасада во Берлин. денеска е пронајден пакет во кој имало рачно изработена бомба, кој специјалните екипи на германската полиција веднаш го уништиле со контролирана експлозија.
Хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ треба неделава да ја посети Германија, при што ќе се сретне со канцеларката Ангела Меркел.