Викиликс-САД ја користеле Турција за транспорт на терористи

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж

Германскиот весник Ди Велт денеска цитираше извор на Викиликс според кој американските тајни служби ја користеле Турција за транспорт на осомничени за тероризам. Изворот бил дел од американската амбасада во Анкара од јуни во 2006 година. Според него 24 авиони на ЦИА слетале на аеродромот Инџирлик во јужна Турција меѓу 2002 и 2006 година за што била известена и војската на земјата.
Турската војска како што изјавил изворот им ја повлекла дозволата за слетување во февруари 2006 година.