Клинтон наредниот месец во посета на Турција и Грција

Хилари Клинтон

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон ќе ги посети Грција и Турција во почетокот на наредниот месец, објави грчкиот весник Та неа. Според весникот Клинтон во Атина ќе се сретне со грчкиот премиер Јоргос Папандреу и министерот за надворешни работи Димитрис Друцас. Соопштението на Стејд Департменот за плановите на Клинтон како што е наведено во весникот ќе биде објавено неделава.