Семејството на Бен Али побегнало со тон ипол злато од Тунис

Зине Ал Абидине Бен Али

Роднините на тунискиот претседател Зине ел Абидине Бен Али кој е во бегство најверојатно ја напуштиле земјата со еден ипол тон злато, објави францускиот весник Ле Монд. Во весникот е цитирана француската разузнавачка служба која соопштила дека втората сопруга на Бен Али, Лејла Трабелси ги повлекла од централната банка златните прачки во вредност од 65 милиони долари.
Бен Али со неговото семејство побегна во Саудиска Арабија по немирите во земјата.