Експлозија на автомобил бомба во Ирак, 6 лица ранети

Провинцијата Анбар

Автомобил бомба екслодирал до конвојот во кој бил гувернерот на ирачката провинција Анбар, Касим Ал Фахадави, при што најмалку 6 лица биле повредени. Инцидентот се случил во градот Рамади, а гувернерот не бил повреден. Ал Фахадави беше сериозно ранет во сличен инцидент во 2009-та година.