Во Тунис и натаму тензии

Тунискиот премиер Мухамед Ганучи за денеска вети нова влада на национално единство. Според него, тоа ќе биде нова страница во историјата на Тунис откако претседателот Бен Али во минатата недела побегна од земјата по 23 години владеење. Во меѓувреме, во близина на претседателската палата, како што јавуваат агенциите, избувнале борби меѓи владините сили и приврзаници на соборениот претседател.