Иран покажал транспарентност за нуклеарната програма

Али Асгахар Солтаниех

Иранскиот амбасадор во Агенцијата за Атомска Енергија, Али Асгахар Солтаниех денеска изјави дека со тоа што земјата ги отворила вратите на нуклеарните капацитети за странските амбасадори ја покажала транспарентноста за нуклеарна програма.
Според министерот пропагандите во изминатите осум години за нивните централи, како таа во Натанц и Арак се доказ дека меѓународната заедница има влијание од САД и други земји кои не дозволуваа вистината да излезе на виделина. Иран е под санкции од ОН, бидејќи не сака да престане со збогатувањето ураниум.