Протести во Авганистан против Иран

Протстите во Херат

Околу 300 луѓе втор ден протестираат во авганистанскиот град Херат против блокадата на Иран на цистерните со гориво наменети за Авганистан. Демонстрантите пред амбасадата на Иран носеле плакати на кои било испишано „Смрт за Иран“.
Авганистанскиот министер Анвар Ул Хак Ахади изјави дека околу 2000 цистерни чекаат на границата на земјата, а Иран им дозволува само на 40 дневно да ја преминат.
Иранските власти соопштија дека причината е поради технички проблеми.