Смртна казна за напаѓачот на коптска црква во Египет

Египетскиот суд денеска осуди еден муслимански маж на смртна казна за убиството на шест коптски христијани во напад на црква. Притоа и еден полицаец загина кога тројцата напаѓачи отвориле оган кон насобраните верници на 6 јануари во минатата година за време на прославата на Божиќ. Пресудата за други двајца обвинети ќе биде донесена во наредната недела. Сите тројца за време на судењето се изјасниле дека не се виновни за делото.