Исчезнати 22 мигранти од брод кој се насукал кај Крв

Брод кој пренесувал 263 авганистански мигранти се насукал крај брегот на грчкиот остров Крф, при што 22 патника се исчезнати. Крајбрежната стража соопшти дека тие добиле дојава од еден патник дека бродот е во опасност, но поради големите бранови спасувачките чамци неможеле да стигнат веднаш на местото на несреќата.Патниците биле спасени од еден карго брод, неколку часа по дојавата за помош.
Крајбрежната стража и неколку бродови и авиони се во потрага по исчезнатите.